Стручњаците имаат одговор: Дали е подобро да пиеме вода пред или по јадењето?

Profimedia
Фото: Профимедиа

Велат дека е добро да се пие што повеќе вода, но многумина се прашуваат дали треба да ја пијат наутро – на празен желудник, во текот на јадењето или пред спиење?

Експертите имаат одговор на тоа прашање. Многу диететичари сметаат дека голема чаша вода пред јадење или во текот на оброкот може да ви помогне да јадете помалку и да изгубите тежина. Водата може да ви создаде чувство на ситост, а вие ќе го избегнете прејадувањето.

Одредени експерти од областа на исхраната се застапници на мислењето дека не е добро да се консумира вода со оброк, туку само откако ќе завршите со јадење. Причината е што водата ја разредува желудочната киселина, односно ја нарушува нејзината пХ вредност која е неопходна за разградување и апсорпција на храната. Како резултат на тоа, варењето се забавува, што може да предизвика многу дигестивни проблеми и гасови.

„Пиењето вода веднаш по јадење има тенденција да ги разредува желудочните сокови, ензимите кои се неопходни за варење се разредуваат. Ова резултира со помало лачење на дигестивни ензими, што може да доведе до ждригавица и киселина во желудникот“, објаснува д-р Ања Суд.

Иако е важно да останете хидрирани и да консумирате минимум два литри вода дневно, сепак водата не треба да ја пиете додека јадете.

Доколку внесувате течност заедно со храната, може да се наруши нивото на концентрација на киселината во желудникот и во жолчката, кои се неопходни за правилно варење на храната.

Овој совет особено важи за пиење ладна вода, бидејќи таа дополнително го успорува процесот на варење на храната и чувство на тежина во стомакот ќе биде поголемо.

Најдобро би било да пиете вода 30-15 минути пред јадење. По оброкот, почекајте најмалку половина час, а уште подобро и еден час, за да пиете вода.

„Моја препорака е да испиете два литри вода во текот на денот и да ги пиете постепено, за никогаш да не го преполните и оптоварите желудникот. Преголемо количество вода го нарушува варењето, а покрај тоа, може да се случи вишокот на храна да остане во организмот и да го наруши нивото на инсулин, што доведува до зголемен ризик за дијабетес“, изјавила нутриционистката Ању Сод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот