Страшни детали за убиството во Пеќ: Син си ја уби мајката и ја отсекол главата која била на таванот, а телото на еден од катовите во куќата

Косовска полиција/ Фото: МИА

Жена на возраст од околу 60 години е убиена вчера во Пеќ, Косово а за убиството е осомничен нејзиниот син кој е уапсен, објавуваат косовските медиуми.

Портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова, изјави дека случајот во полиција бил пријавен вчера околу 16 часот, а полицијата по доаѓањето на местото констатирала дека се работи за тешко убиство.

Обвинителката во Пеќ, Сахиде Гаши рече дека осомничениот за убиството на мајката не можел да даде изјава.

Гаши на прес-конференцијата изјави дека осомничениот ќе биде сослушан во Институтот за психијатрија.

Има и сведоци, очевидци на злосторството, додаде таа.

„Со форензичката екипа излеговме на местото на настанот, каде се собрани сите докази, а наредивме и обдукција на починатиот. Обезбедивме очевидци, а осомничениот не беше во можност да биде сослушан, па рочиштето го наредивме за утре во присуство на психолог и бранител. Ќе продолжиме и со истрагата. По сите околности ќе наредиме распит на осомничениот во Институтот за психијатрија“, рече обвинителот.

Медиумите прво објавија дека жената била обезглавена. Главата наводно и била на таванот, додека телото и било на еден од катовите во куќата.

На конфликтот наводно му претходела расправија, а се претпоставува дека имало обид да се разделат синот и снаата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот