СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ЧАИР: Повредени две жени и две малолетни деца (ФОТО)

Фото: Слободен Печат

Попладнево на улица Кемал Сејфула во скопската населба Чаир се случи стравична сообраќајна несреќа во која се повредени две жени и две деца од 7 до 10 годишна возраст.

Според очевидците, плавото југо направило прекошок преминувајќи на спротивна лента на две полни линии и удрило директно во возилото марка Пежо 307 управувано од женско лице.

Во пежото имало уште една жена на совозачкото седиште и две деца на возраст меѓу 7-10 години.  Децата имаат телесни повреди, но жената што управувала со пежото е потешко повредена.

Возачот на југото поминал со полесни повреди

Сите се пренесени во болница со брза помош.

Случајни минувачи веднаш притрчале на помош на повредените и повикале брзо помош. Полицијата блокираше еден дел од улицата Кемал Сејфула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот