СТРАШЕН ПОЖАР ВО ГРАДИШКА: Гори фабрика за мебел (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиРегион

СТРАШЕН ПОЖАР ВО ГРАДИШКА: Гори фабрика за мебел (ВИДЕО)

Силниот ветар им ја попречува акцијата на пожарникарите.

Во приградската населба Козинци во близина на Градишка, се запали фабриката за мебел ,,Форте флекс”.

Според неофицијалните информации, во пожарот нема повредени, а во неговото гаснење се ангажирани противпожарните екипи на Градишка и околните хрватски градови.

Силниот ветар им ја попречува акцијата на пожарникарите. Пожарот избувнал во магацинот на фабриката, каде имало големо количество лесно запаллив материјал.

Според сопственикот на фабриката, пожарот избувнал по завршувањето на работното време во 16 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close