Стоп за Вардариште / Фото: Фејсбук

„Стоп за Вардариште“: Вечерва дојдете на последна блокада, да го прославиме успехот

Од Иницијативата „Стоп за Вардариште“ за денеска најавуваат прослава за, како што велат, тоа што институциите конечно почнале со расчистување на депонијата. Оттаму додаваат дека засега блокадите ќе запрат, но доколку не се постапува по ветеното, тогаш веднаш се враќаат на улица.

Ги повикаа сите граѓани да им се придружат на прославата од 18 часот.

„Дојдете на оваа петочка блокада заедно да прославиме за успехот што го постигнавме во минатиот период. Многу битно, потребна е секаква помош за организирање на оваа забава од носење на озвучување, повикување на музички групи па дури и споделување на храна и пијалоци и на било кој друг начин кој сметате дека можете индивидуално да придонесете“ се вели во објавата на социјалните мрежи.

Им се заблагодарија на сите што доаѓаа на протестите и на дожд и на сонце.

Оттаму ги наведуваат досегашните мерки кои ги презеле надлежните институции – почнато е затворање на влезот од страна на железничкиот мост, поставена е камера на влезот од ЈС Актуел и се обезбедува уште еден влез од страна на полицијата. Велат дека, на совет на Влада очекуваат да се изгласа планот за хумано иселување и згрижување на диво населените жители. Ќе остане забраната на движење се до конечна санација и треба да почне конечна санација и чистење на целата депонија во 3 фази.

Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и на дел од околните населби ги организираат протестите поради миризбата и загадениот воздух кои доаѓаат од дивата депонија. Протестот беше инициран од последниот инцидент кога поради поажарот на Вардариште повеќе населби останаа без струја, а миризбата и лошиот воздух се чувстуваат со денови.

ВИДЕО+ФОТО | „Стоп за Вардариште“: Преку глава ни е веќе, сакаме резултат веднаш, а не по изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот