Стоматолозите во Словенија почнуваат да работат според овие правила

Ќе бидат лекувани оние за кои забарите ќе оценат дека се итни случаеви.

Стоматолошките ординации во Словенија повторно се отвораат за пациенти, но ќе функционираат по посебни правила, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Тие ќе работат со скратено работно време, на забар ќе може да се оди само откако претходно ќе се закаже термин, а лекарите не смеат да примаат повеќе од седум до осум пациенти дневно.

Притоа ќе бидат лекувани оние за кои забарите ќе оценат дека се итни случаеви.

Од стоматолошката клиника при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, објавија дека од почетокот на епидемијата 7.600 итни пациенти биле третирани, а над 11.000 побарале помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот