Столтенберг: Не сме сигурни за плановите на Русија

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

НАТО не може со сигурност да каже какви се намерите на Русија во ситуацијата околу Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за канадскиот телевизиски канал Си Би Ес.

„Нема сигурност за намерите на Русија“, рече тој на прашањето колку е сериозна заканата од руска инвазија на Украина.

“Може да има промена во плановите. Значи, има шпекулации за ова прашање, но во реалноста нема сигурност. Знаеме за значително зголемување на руските сили, собирање на десетици илјади војници и тешка опрема. Слушаме и многу заканувачка реторика“, изјави Столтенберг.

Наводите за можна руска инвазија на Украина се појавија во западните земји, но и во Киев.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја опиша информацијата како празна и неоснована ескалација на тензиите. Тој нагласи дека Русија не претставува закана за никого.

Во исто време, Песков не ја исклучи можноста од провокации за да ги оправда ваквите изјави и предупреди дека обидите за насилно решавање на кризата во југоисточна Украина ќе имаат многу сериозни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот