Столтенберг и група лидери на НАТО земји неформално ќе разговараат за Украина

Јенс Столтенберг и Марк Руте
Јенс Столтенберг и Марк Руте / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе има неформална средба со група лидери на земји членки на НАТО, а ќе се разговара за војната во Украина и подготовките за самитот на НАТО во Шпанија, кон крајот на јуни.

Домаќини на неформалниот состанок ќе бидат холандскиот премиер Марк Руте и данската премиерка Мета Фредериксен, а ќе присуствуваат и романскиот претседател Клаус Јоханис и премиерите на Белгија, Полска, Португалија и Летонија.

Премиерот на Летонија, Кришјанис Каринш, денеска изјави дека очекува на средбата да се разговара и за зајакнување на источното крило на НАТО, особено за Естонија, Летонија и Литванија, кои сите граничат со Русија.

На состанокот му претходеа минатонеделните разговори во Букурешт меѓу девет членки на НАТО за зајакнување на безбедноста во источното крило.

„Мораме да бидеме сигурни дека НАТО е способен и подготвен ефикасно да одговори и да се прилагоди на заканите со кои се соочува. Алијансата мора да биде способна да ја брани секоја педа од својата територија“, рече Јоханис по минатонеделниот состанок.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот