Стојан Андов по повод 30 години независност: Клучна беше поддршката од САД

Стојан Андов, претседател на првиот собраниски состав

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија за „Слободен печат“ зборуваат: Никола Стојановски, СДСМ, прв претседавач на Собранието, Стојан Андов, претседател на првиот собраниски состав, Лубчо Георгиевски, основач на ВМРО-ДПМНЕ, Туше Гошев, пратеник на СДСМ, Насер Зибери, пратеник на ПДП, Алил Џаферовски, пратеник на СДСМ Михаил Пановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Флоровски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Слободен печат“ денеска и утре ќе ги објави нивните видувања за случувањата во последните 30 години.

Референдумот и одлуката за независност на Република Македонија ја спаси Македонија од нејзино приклучување во жестоките борби кои веќе, во тоа време, се водеа во Хрватска и во Босна. При референдумот, единствено Американците јавно дадоа на знаење дека границите на Македонија се неприкосновени и никој нема право да ги менува или нарушува. Тоа беше клучна поддршка и гаранција за нас, бидејќи Милошевиќ активно се трудеше да ја вклучи и Македонија во југословенскиот воен конфликт.

Изминатите триесет години не очекував да има брзи реултати. Значајна е разрешницата на 2001 година. Рамковниот договор е резултат на парламентарните партии во Македонија, кои беа со еднаква заслуга да се најде конструктивно решение.

Сепак, по мое мислење, вистинскиот пресврт настана со доаѓањето на Зоран Заев на власт кој, со силна поддршка на Американците, ги склучи договорите со Грција и Бугарија. Сега е работа на способноста на граѓаните и на политичарите како натаму просперитетно да ја изградат државата.

Во однос на регионот, пак, ако не наседнеме на некои „убави“ понуди од некои соседи, ние спаѓаме во југоисточниот регион на ЕУ, таму ни е местото, а и зрели сме да бидеме дел од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот