Сто и педесет учесници уживаа во убавините на Крушево

Во саботата се оддржа еднодневна посета на градот Крушево, како дел од програмата „Мапа на културата’’, организирана од Еуролинк осигурување.

Прошетката започна од споменичкиот комплекс Македониум, кој е изграден на 1320 метри надморска височина, со извонреден поглед на градот. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи и витражи, а во објектот се наоѓа и гробот на Никола Карев претседател на Крушевската република.

Оттаму учесниците го посетија вечното почивалиште на момчето со ангелски глас Тоше Проески и ја продолжија својата прошетка низ старото градско јадро, преку тесните и кривулести улички до Крушевската чаршија каде во самото срце на градот се наоѓа црквата Св. Никола изградена во средината на 19 век. која импресионира со својата архитектура. Внатрешноста на црквата изобилува со икони и фрески, а особено уникатен е иконостасот кој е дело на познатите копаничари Петре Гарката и Димитар Станишев.

На само неколку минути пешачење се наоѓа и црквата Св Јован која меѓу народот е позната и како Влашка црква еден од најзачуваните објекти во градот, изградена на почетокот на дваесетиот век.
Групата имаше прилика да ја посети галеријата на големиот македонски сликар и академик Никола Мартиновски еден од најистакнатите личности во македонската уметност и култура на 20-тиот век.

После неколку- часовната прошетка, учесниците се вратија дома со сладок умор, со многу заеднички фотографии и побогати за едно ново искуство. Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за негување на вистинските културни и историски вредности. Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност, ,,Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот