Стерлинг пред неверојатна позајмица, Сити не би имал ништо против

Сезонава го загуби статусот стартер во редовите на Манчестер сити сити/Фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Можно е екипата на Барселона во јануари да добие големо засилување, односно станува збор за англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг.

Каталонскиот „Спорт“ тврди дека раководството на клубот го посакува Стерлинг на позајмица, кој моментно настапува за составот на Манчестер сити.

Англичанецот сезонава кај менаџерот Пеп Гвардиола го загуби местото стартер, а наводно и во тимот го загуби влијанието кое го имаше.

Клубот од „Етихад“ не би имал ништо против 26-годишниот играч за врска во нападот да се раздели со „граѓаните“.

Барса се обидуваше да го ангажира и во текот на летниот преоден рок, но не беше реализиран договор. Стерлинг би се преселил на „Камп Ноу“ како позајмица, а би можела истата да биде и на подолг период.

Тој е член на Сити од 2015 година, дојде од Ливерпул и во 297 одиграни натпревари постигна досега 115 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот