ФОТО | Стара скица на Фреди Меркјури е продадена на аукција за 1,6 милиони евра

Фото: Angela Vinci / Zuma Press / Profimedia

Ракописот на познатиот хит на Квин, „Bohemian Rhapsody“, напишан од Фреди Меркјури, беше продаден на аукција во „Сотби“ во Лондон во средата вечерта за 1,6 милиони евра.

Овие 15 страници напишани со молив и хемиско пенкало на хартија со логото на сега веќе непостоечката „British Midland Airways“ го откриваат процесот зад создавањето на овој вонвременски хит.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Меѓу другото, од ракописот е видливо дека песната би можела да се нарече и „Mongolian Rhapsody“.

Пред аукцијата, Сотби ја процени вредноста на ракописот меѓу 930.000 и 1,4 милиони евра.

Клавирот на Фреди Меркјури, на кој пејачот на Квин ја компонирал „Bohemian Rhapsody“, беше продаден на аукцијата на Сотби за два милиони евра.

Меркјури го купил клавирот од брендот Јамаха во 1975 година за илјада фунти.

Повеќе од 1.400 лични предмети на Фреди Меркјури ќе бидат продадени на аукција во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот