Станковиќ: Црвена звезда е поголем клуб од Макаби, местото ни е во Лигата на шампионите

Дејан Станковиќ тешко го доживеа неуспехот со Црвена звезда во Лигата на шампионите/Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

На првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите, Црвена звезда загуби минимално на гостувањето кај Макаби Хаифа со 3:2.

Израелците со овој резултат се поблиску до групната фаза, но српскиот првак во вторник (21.00 часот) пред полните трибини на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ќе даде сè себе да ја анулира негативата и ги израдува своите навивачи со влез во европскиот фудбалски крем.

Потсетување дека поразениот од овој двомеч ќе игра во групната фаза на Лига Европа.

Тренерот на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ вели дека Црвена звезда е поголем клуб од Макаби, но и дека евентуалниот неуспех во оваа пресметка нема да претставува катастрофа.

– Макаби има гол предност, на првиот меч ги покажавме нашите слабости, но во Белград ќе ги покажеме нашите добри страни. Знам само дека сме клуб за два инчи поголем од Макаби и дека местото ни е во Лигата на шампионите. Можам да бидам среќен што после 20 години играм ваков натпревар како тренер на Црвена звезда, стадионот повторно ќе биде полн. На мене е да најдам рамнотежа. Знам дека публиката го принудува тимот да напаѓа во вакви ситуации, но не смееме сите да нападнеме. Сигурно е дека нема да има опуштање, треба само да имаме баланс помеѓу нападот и одбраната – се зборовите на Станковиќ пред возвратниот дуел против Макаби Хаифа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот