Стабилизација на светскиот пазар на нафта

Илустративна фотографија / СП. архива

Повикувајки се на извори од ОПЕК, западните медиуми јавуваат дека новиот договор околу цената на нафтата ќе биде постигнат во четврток

Државите производители на нафта, членки на ОПЕК, се обидуваат да ги договорат новите правила за количината на производство на нафта,обидувајки се да го стабилизираат светскиот пазар,кој е нарушен како последица од пандемијата на коронавирусот.

Овие држави се блиску до постигнување нов договор, вклучувајки ги и Русија и Саудијска Арабија , кои како резултат на нафтената војна, ја срушија цената на нафтата на светските пазари.

За потсетување, како резултат на зголемување на производството а малата побарувачка поради падемијата на коронавирусот, цената на нафтата на светските пазари падна за околу 30 проценти.

Зголемувањето на производството беше резултат на завршувањето на претходниот и неможноста да се постигне нов договор, Русија и Саудијска Арабија започнаа со трката кој повеќе ќе произведе нафта.

Особен проблем за државите членки на ОПЕК и Русија која не е членка на оваа организација е зголеменото производство на некои приватни нафтени компании во САД кои, исто така, истекувањето на претхoдниот, и немањето на нов договор, го искористија за зголемување на производството. Сето тоа ја урна цената на нафтата на светските пазари.

Во надминување на нафтената пазарна криза се вклучи и америкаканскиот престедател Доналд Трамп кој посредуваше кај својот сојузник Саудиска Арабија и кај Русија тие да го намалат производството, и да ја запрат ценовната војна која, како што изјави Трамп, ја уништува светската нафтена индустрија.

Трамп  очекува  дека по состанокот на ОПЕК во четврток, светските нафтени производители ќе ја вратат нафтената индустрија на ниво каде што таа се наоѓаше пред почетокот на пандемијата, и така ќе се стабилизира цената на нафтата на светските пазари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот