ССМ: На пратениците им е доставена иницијативата за измени на Законот за минимална плата

Архива на СП

Од Сојузот на синдикатите на Македонија информираат дека за иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, од страна на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Талат Џафери се информирани дека истата е доставена до пратениците во најкус рок за само 4 дена од денот на поднесувањето на истата.

Му се заблагодаруваме на Претседателот на Собранието, Џафери за брзата реакција и ги повикуваме пратениците, согласно нивните надлежности, истата да ја прифатат и да го искористат своето право согласно член 132 од Деловникот за работа на Собранието и со тоа да го искористат право да предложат донесување на закон, кое право го има секој пратеник во Собранието, а треба да го искористат по иницијативата на ССМ, стои во соопштението.

Од ССМ велат дека како член на Економско – социјалниот Совет доставиле барање за свикување на седница на Економско – социјалниот Совет во најкус можен рок на која ќе се дискутира и разгледа иницијатива на ССМ за предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија како посебна точка на дневниот ред.

Бараме пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платата за месец јануари 2022 година работниците во Државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата, се вели во соопштението.

ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за октомври 2021 година изнесува 34.893,00 денари, или истата само во 2021 година е зголемена за повеќе од 1.300,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 тогаш отприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот