Српските весници полни со лажни вести, „Србија данас“ лови кликови со стара и невистинита објава

Според студијата „Надворешно политички последици од Ковид-19 кризата врз Србија”, спроведена од Советот за стратешка политика со поддршка американската амбасада, секој шести наслов објавен на насловните страници во Србија лани е лажна вест. Истражувањето ќе биде презентирано вечерва на онлајн конференција, а опфати насловни стрници на пет дневни весници, Вечерње новости, Данас, Блиц, Курир, Политика, Информер, Ало и Српски телеграф. 

Главните теми на лажните вести објавени во српските весници се поврзани со пандемијата со коронавирус, како и со  дневната политика најмногу за САД, Русија и Европската Унија . Според податоците најмногу лажни вести се однсуваат за запдните земји кои се прикажани во негативен контекст, а Русија се прикажува во позитивен контекст.

 

Денес поратлот „Србија данас“ објави вест дека медицинска сестра од Чешка кубе и влече дете кое се лекува во болница и објави форографии од настанот. Оригиналната вест е објавена лани во ноември на Риа новости, и настанот се случува во болница во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот