Фото: Монтажа / МВР на Србија

Српските навивачи влегле во крвав судир во кој загина жена поради глупост

До пукањето во „Локал паб“ во Вишњичка Бања, во кое беше убиена 51-годишната Данка В., а беа ранети уште четворица луѓе, дошло поради кавга во навивачката група на Партизан „Анти Роми“, а поводот бил банален. На кобниот ден требало да дојде до наводно помирување на две завојувани групи навивачи на Партизан, во рамки на истата фракција „Анти Роми“, но ситуацијата ескалирала во крвопролевање, објави „Нова“.

Жената, која се нашла во погрешно време и на погрешно место, подлегнала на повредите неколку дена по пукањето во „Локал паб“ во Вишњичка Бања, на 30 октомври околу 14:30 часот. Притоа биле ранети уште четири лица – двајца недолжни граѓани, жена и маж, а и двајца учесници во судирот. Полицијата досега уапсила деветмина осомничени за учество во овој судир, а по тројца сè уште трага, меѓу кои и по 24-годишниот Страхиња Маринковиќ, за кого се сомнева дека пукал.

Крвав инцидент во Србија – напаѓачи со бело комбе пукале и убиле жена, повеќе ранети се борат за живот

До судирот дошло при обид за помирување на членови на истата навивачка група на Партизан „Анти Роми“, кои претходно се скарале во еден локал во Скадарлија. Од едната страна биле „Анти Роми“ од Карабурма, а од другата „Анти Роми“ од Вишњичка Бања. За место на средбата било избрано „неутрално место“ – „Локал паб“, каде што инаку излегуваат членови на оваа група, а и сопственикот на локалот наводно им бил близок, како и на владејачката Српска напредна партија.

Меѓу учесниците во претходниот судир во Скадарлија, кои дошле во „Локал паб“ за да ги „израмнат сметките“, бил и Лазар Маринковиќ – Луцифер, кој на состанокот дошол со алка на глуждот бидејќи бил пуштен од притвор во мај годинава. Луцифер е еден од водачите на навивачката група „Анти Роми“ и близок соработник на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SRBIJA – SAD (@srbija.sad)

Тој бил уапсен во полициска акција, откако српската полиција ја добила преписката на апликацијата „Скај“ во која се појавувал и Маринковиќ под прекарот Луцифер. Тој и неговата група беа уапсени во 2022 година, а во јануари 2024 беа осудени на вкупно 73 години затвор поради трговија со дрога во Белград. Апелациониот суд во Белград ја укинал пресудата и наложи ново судење, па затоа на обвинетите, меѓу кои е и Луцифер, им била ублажена мерката и им беше одреден домашен притвор.

„Мировните преговори“ пропаднале, летнал шамар, ситуацијата ескалирала

Луцифер дошол во „Локал паб“ во придружба на помладиот брат Страхиња и уште едно лице, но „мировните преговори“ бргу пропаднале. Наводно, некој му удрил шамар на друг, што предизвикало бурна реакција кај Страхиња Маринковиќ, кој извадил пиштол и почнал да пука во локалот.

Целиот настан е снимен со камери за видео-надзор, но снимката досега не е објавена во јавноста.

Дека се подготвувал судир, а не помирување, покажува и тоа што некои од „гостите“ дошле вооружени, а и што „во штека“ била подготвена „екипа“ за пресметка, која се појавила кај локалот по пукањето, што се гледа на видео-клип кој подоцна се појави во јавноста.

По пукањето сите се разбегале, полицијата го блокирала тој дел од Белград и прогласила акција „Вихор“. Но тој ден, од непознати причини, немало рација на Карабурма и во Вишњичка Бања. Полицијата тогаш во рацете имала само двајца ранети кои се појавиле во Ургентниот центар – Немања Н. и Дарко Л.

Дури кога починала Данка В. следела вистинска реакција на полицијата, најверојатно поради јавноста. Тогаш почнале идентификација и апсење на сите учесници во пресметката, како и претреси на станови и локали што ги користеле.

Двајцата ранети биле префрлени од болница во притвор, а дури три дена по пукањето, откако починала ранетата жена, следела и принудна реакција на Вишото јавно обвинителство во Белград кое, по необјасниво одолговлекување, извршило низа рации на Карабурма и во Вишњичка Бања.

Тогаш беа уапсени девет навивачи, членови на групата „Анти Роми“, беа претресени 32 локации и беше запленето оружје.

Потрага распишана по четири дена

Необјаснивото одолговлекување на Вишото јавно обвинителство и полицијата го искористиле некои од директните учесници во судирот во Вишњичка Бања и ја искористиле предноста што им ја дала МВР за да побегнат.

МВР распиша потерница по нив, а нивните фотографии беа објавени во јавноста.

Полицијата интензивно трага по уште три лица – Страхиња Маринковиќ, осомничен за извршување кривично дело тешко убиство, како и по 19-годишниот Душан Радосављевиќ и 34-годишниот Стефан Живојиновиќ.

Хулигани и гости на ресторан се степале сред Белград — летале столици и шишиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот