Српски полицајци бараат да им се дозволат тетоважи и да носат брада

Фото: Elvert Barnes / Flickr

На иницијатива на полицискиот синдикат, во Србија неодамна е поднесена иницијатива на полицајците од Нови Сад до Уставниот суд, во кој бараат да се укине забраната за носење брада и за тетоважи во српската полиција, пишуваат локалните медиуми.

Идните полицајци во Србија прво минуваат низ Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица. Тие доаѓаат таму по пријавување на конкурсот за МУП и избор на кандидати.

– Здравствената комисија не дава одобрение доколку имате тетоважа на раката. Затоа, не можете да бидете полицаец поради тоа – вели Љубишиќ.

Тој додава дека така е од 2018 година и од донесувањето на Правилникот. Оние кои претходно станале полицајци оттогаш морале да ги покријат своите тетоважи. Љубишиќ проценува дека од 43.000 вработени во српското МВР, околу 10 отсто се тетовирани.

Во 2018 година, Министерството за внатрешни работи, со кое раководеше функционерот на владејачката СНС, Небојша Стефановиќ, донесе „Правилник за начинот на однесување и личен изглед на полициските службеници и другите вработени во МВР“, кој важи и денес. Според тој документ, на полицајците им е забрането да имаат брада, долги мустаќи, шишки, обетки, пирсови и тетоважи видливи за граѓаните, односно мора да ги покриваат ако се на рацете.

Барањето до комесарот за оцена на забраната за тетоважи на видливи делови од телото на полициските службеници е иницирано од Полициското стручно здружение (СУП) „Др. Рудолф Арчибалд Рајс“ од Нови Сад.

– Тоа е модел на затворена полиција, строг режим во кој полицајците мора да бидат „стегнати“, свежо избричени и без тетоважи. Тоа време помина – изјави за РСЕ Љубишиќ, претседателот на здружението „Арчибалд Рајс“.

Тој додава дека идејата на тоа здружение е да им дозволи на униформираните полицајци во Србија да носат тетоважи и бради, по примерот на повеќето земји од Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот