Среде пат оставено малолетно момче со прострелна рана на ногата

Мигрант на возраст од 15 години вчера попладне бил најден како лежи на магистралниот пат Куманово-Табановце, информира МВР.

Граѓани кои го забележале момчето пријавиле во полиција, а полицајците утврдиле дека детето било мигрант од Авганистан. Момчето имало повреда на ногата, па било пренесено во кумановската болница каде лекарите констатирале дека има прострелна рана во десната потколеница. Засега нема информации кој го повредил момчето.

Уште еден мигрант бил пријавен вчера во СВР Тетово. Граѓанин го забележал во село Горно Јеловце, во близина на рибникот. Полицајците го привеле дваесетгодишниот мигрант од Сирија во полициската станица во Гостивар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот