СРЕДЕ ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ децата принудени да трчаат (ФОТО)

Непрофитната организација Prayas, која води програми за заштита на децата, образование и правда, организираше трка за деца, токму во моментот кога властите во Њу Делхи решија да ги затворат училиштата поради големата загаденост на воздухот.

Трката се организира за да се одбележи роденденот на првиот премиер на Индија, Џавахарлал Нехру, кој се слави како Ден на децата.

Индексот на квалитет на воздухот во индиската престолнина денеска изнесуваше  472 на скала од 500, што значи можни сериозни ризици за респираторниот систем за населението, објави агенцијата САФАР, која за потребите на владата  го следи квалитетот на воздухот.

Бидејќи квалитетот на воздухот е опасен веќе трет ден по ред, решено е да се затворат училиштата.

Жителите ги нападнаа властите на социјалните медиуми за организирање на трката среде енормно загадување.

„Трка за деца .. среде опасно загадување? Театар на апсурдот“, напиша корисникот на Твитер , Шашанк Џајтли.

Градските власти сè уште не ги коментираат критиките, а Прајас објави дека станува збор само за симболична трга и дека ги има сите дозволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот