Средба Заев – Сахакјан: Нашето партнерство продолжува, заедничките проекти се влог за солидна иднина на идните генерации

Нарине Сахакјан и Зоран Заев
Нарине Сахакјан и Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска во проштална средба ја прими постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава, Нарине Сахакјан, на која ѝ изрази благодарност за личниот ангажман и поддршката при реализирањето на многубројни успешни заеднички проекти за време на нејзиниот мандат, информираат од Владата.

– Премиерот Заев потенцираше дека е особена важна поддршката на УНДП за успешно спроведување на планираните реформи во земјата, кои се важни за реализирање на нашите развојни приоритети и исполнување на евроинтегративниот процес, со крајна цел обезбедување на квалитетен живот на граѓаните, соопштуваат од Владата.

На средбата се разговарало и била истакната поддршката и соработката на УНДП во изработката на Националната стратегија за развој на земјата, при што било констатирано дека продолжува посветеноста и имплементацијата на документот: „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации” за периодот 2021-2025 година, како стратешка програмска рамка за активностите на Обединетите нации во нашата држава, во насока на постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации.

– Поздравена е меѓусебната соработка и отвореноста на Владата и институциите за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, соработка во обезбедувањето на зелено финансирање со кое ќе се зголемат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во приватниот и станбениот сектор, велат од Владата.

Соговорниците со задоволство констатирале дека соработката продолжува и УНДП останува да биде близок развоен партнер на Република Северна Македонија во насока на остварување на националните приоритети, поддржувајќи ги процесите преку советодавна помош и механизми за ефикасност, јакнење и подобрување на капацитетите во сите приоритетни области.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот