Средба на верските лидери, апел до граѓаните опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна закана по животот и здравјето

На 30 јуни 2020 година се одржа средба на лидерите на петте верски заедници споменати во Уставот. На покана на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски,  на средбата присуствуваа поглаварот на МПЦ-ОА, Aрхиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, в.д. Реис ул Улема на ИВЗ х. Шаќир еф. Фетаху, бискупот на Католичката црква монсињор  Киро Стојанов, суперинтендентот на ЕМЦ Марјан Димов, а поради оправдани причини отсуствуваше претседателот на Еврејската заедница Берта Романо Николиќ.

На средбата се претстави новоизбраниот поглавар на ИВЗ, а присутните запознавајќи се со предизвиците кои му претстојат, му го честитаа изборот, посакувајќи му успешна работа во одговорната раководна дејност во својата заедница, потенцирајќи ја важноста од отворањето на можноста и понатаму да се соработува во овој формат.

Во тој контекст, на средбата посебно се истакна значајноста од постојаното негување на култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста на сите верски субјекти.

Имајќи ја во предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот, која сè повеќе се наметнува како глобален долгорочен проблем, верските лидери споделија размислувања за предизвиците кои сите нè очекуваат во иднина, но и за сето она што во изминатиот период можеше да се стори поинаку или, пак повеќе, како конкретен придонес во справувањето со оваа сеопшта неволја.

По опстојна дискусија, верските лидери упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и ближниот, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна закана по животот и здравјето. Неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со оваа состојба е достоен за почит и пофалба, а најсоодветниот израз на благодарност за нивниот подвиг треба да се покаже на дело, со почитување на изречените мерки од надлежните институции.

Бидејќи се наоѓаме во предизборен период, верските лидери ја користат приликата да апелираат да имаме мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот