Србија издвои 38,3 милиони евра за реституција на конфискуваниот имот

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

На 31 март,Србија ќе исплати аванс за реституција во износ од 2,9 милиони евра, а вкупниот износ на паричниот надоместок годинава е 38,3 милиони евра, изјави за „Политика рс“, Страхиња Секулиќ, директор на Агенцијата за денационализација.

Авансното плаќање е 10 отсто од утврдениот износ за компензација и ќе се плаќа во динари, според официјалниот среден курс на Народната банка на Србија (НБС).

Земјата во јануари издаде државни обврзници со цел да ги подмири обврските по основ на надоместок за конфискуван имот на сопствениците по Втората светска војна, со кои се регулираат обврските на државата согласно Законот за враќање на одземениот имот и за надомест на штета. Според Секулиќ, 2.393 лица имаат право на компензација, врз основа на одлуки донесени во периодот од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 година. Годинава за обврзници се наменети 35,4 милиони евра.

Минатата година финансиски се обештетени 3.733 лица, со аванс од 5,6 милиони евра и издадени обврзници од 61,8 милиони евра.

Таа постапка се уште е во тек, а максималната сума за обештетување што ја одреди Србија е две милијарди евра, па секоја година ќе се носат одлуки врз основа на кои ќе се плаќа. Веднаш се исплаќаат суми до 1.000 евра. Вкупната проценета вредност на имотот што не може да се врати е 13,6 милијарди евра. Директорот на агенцијата вели дека природната реституција е повеќе или помалку завршена и дека има уште малку земјоделско земјиште во Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот