СРАМОТА: Ајакс се посрамоти, му даде отказ на фудбалерот кој беше во кома речиси три години

Фудбалерот на холандскиот тим, Абделхак Нури неодамна се разбуди од кома по две години и девет месеци, а само неколку дена подоцна доби непријатно изненадување од Ајакс.

Како што наведува холандски „Телеграф“, Ајакс го раскина договрот со Нури, а срамниот потег го образложи со тешката финансиска состојба предизвикана поради пандемијата на коронавирусот.

Холандскиот тим во соопштението наведува дека ќе го исплати Нури до почетокот на јули и ќе остане во контакт со неговото семејство за да му даде подрршка во процесот на рехабилитација.

Абделхак Нури во 2017 година колабираше за време на пријателскиот натпревар против Вердер по што падна во кома во која беше речиси три години.

Раскин на договорите добија и ветераните Клас Јан Хунтелар и Рајан Бабел.

Адвокатот на Нури најави дека со овој потег на клубот, неговата борба за што поголема оштета ќе стане уште пожестока, бидејќи фудбалерот загубил повеќе од две години од својот живот, а никогаш повеќе нема да биде истиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот