Според Јутјуб најслушана песна во Македонија во моментов е „Јовка Кумановка“ на Некст Тајм (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Според Јутјуб новиот спот на момците од дуото „Некст Тајм“, за песната „Јовка Кумановка“ моментално е најпрегледуваното видео во нашата земја.

За само два дена спотот го погледнале скоро 140.000 пати и со тоа Јутјуб го става во категоријата „Трендинг #1“ во нашата земја.

Ваквиот податок воопшто не изненадува. И на претходните нивни преработки на стари македонски песни бројките на Јутјуб беа фасцинантни.

Инаку новата песна на Некст Тајм беше финансиски поддржана од општина Куманово по повод 500 години од постоење на градот.

Погледнете го спотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот