Спектакл пред Австралија Опен: Ѓоковиќ против Кирјос на „Род Лајвер Арената“

Фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Абделаида и тоа беше добра припрема за главното што го чека на австралиското тло – Австралија Опен.

Припремите за првиот грен слем турнир во сезоната Ѓоковиќ ќе ги започне на 11. јануари со спаринг против Данил Медведев, а два дена подоцна ќе гледаме вистински спектакл против Ник Кирјос на „Лајвер Арената“.

За Ѓоковиќ и Кирјос ова ќе биде прв меѓусебен дуел по епското финале на Вимблдон минатото лето кога Ѓоковиќ стигна до 21. Грен слем титула.

Цената за влезниците за овој спектакл изнесува 20 австралиски долари и се очекува трибините да бидат полни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот