Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Оливер Спасовски со младите во Куманово/Фото: Фејсбук

Носителот на Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеака со младите од Куманово разговараше за Манифестот на СДММ и за европскиот концепт.

„Најдобрата енергија ја носат младите луѓе. Го промовиравме Манифестот на СДММ за европска иднина во Македонија – токму од мое, борбено Куманово! Ги остваруваме стратешките цели – членка на НАТО сме и ги почнуваме преговорите со ЕУ и токму вклученоста на младите е уште поважна за европска иднина за сите. Правиме простор младите да ја креираат иднината!“, рече Спасовски.

„И ве повикувам да се борите, да се ангажирате за вашата иднина“, додаде тој.

„Ако направиме паралела од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имате мир и спокој да се изразувате и дружите, наспроти времето на тепање на студенти од 2016. Цврсто стојам и силно ќе се борам да се имплементираат сите мерки во програмата, за квалитетно образование, здравство и младински политики кои ќе бидат реалност во Македонија. И само еден од кандидатите го застапува овој европски концепт за младите – нашиот претседател Стево“, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот