Спасовски: Лошата состојба во затворите е реален приказ за кој ќе мора да направиме промена

Оливер Спасовски министер за внатрешни работи - фото: Дргаган Митрески / Слободен печат

Лошиот третман што го добиваат затворениците, пренатрупаноста во затворите и корумпираноста на чуварскиот, односно затворскиот полициски персонал, нотиран во Годишниот извештај на Стејт Департментот, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е реален приказ за кој ќе мора да се направи промена.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Спасовски истакан дека мора да се направи јасна дистинкција дека затворската полиција, како судската и шумската, не се во надлежност на МВР и оти ги немаат поминато проверките и обуките на полицијата во Министерството.

Точно се детектирани работите, дека се однесува пред сѐ на затворскиот систем. Инаку, ние како МВР неодамна имавме акции во затворот Идризово, пред сѐ за криминал и корупција, при што имавме приведено неколку лица кои се веќе изведени пред лицето на правдата. А пред неколку дена, во соработка со АНБ и Јавното обвинителство, откривме друга голема криминална активност во затворот Идризово со копањето на тунел за бегство. Сето тоа покажува дека затворскиот систем треба да зајакнува сѐ повеќе, а МВР стои на располагање, во рамки на своите надлежности, да ја даде својата поддршка, вели тој.

За прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, министерот посочува дека МВР реализира реформи за јакнење на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, во насока на јакнење на интегритетот на полицијата и имплементација на надворешниот механизам за контрола на полицијата, преку посебното Одделение во Јавното обвинителство, за истражување и гонење кривични дела сторени од страна на лица со полициски овластувања и преку надворешниот механизам за граѓанска контрола при Народниот правобранител.

Сите овие механизми даваат можност граѓаните да можат да пријават било какво незаконско постапување. Веќе имаме конкретни случаи во коишто се водат кривични постапки против полициски службеници. Тоа е целта на системот, тие појави не се искоренети во ниедна земја во светот, меѓутоа креираме механизам за системот да одговори на сите такви предизвици и тоа е нашата крајна цел, појаснува Спасовски.

Додаде дека се работи и во делот на обуки на македонската полиција со цел знаењето да биде на високо ниво, како и дека се работи на подигање на степенот на интегритет на секој од полициските службеници и на тој начин се придонесува јавната свест за користењето и употребата на полициските овластувања да биде на соодветно високо ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот