Современиот балет „Сага“ со кореографија и режија на Рисима Рисимкин е поставен во НОБ

Најнова балетска продукција на Националната опера и балет е современиот балет со наслов „Сага“ (Идентитети), поставена со кореографија и во режија на Рисима Рисимкин.

Претставата е поставена на музика на Тони Китановски со либрето на Матеа Мијановиќ и Рисима Рисимкин, додека костимите се на постојаниот соработник на Рисимкин, Благој Мицевски, а сценографијата е на Матеа Мијановиќ. Дизајнот на светлото го подготви Милчо Александров.

Според кореографката Рисимкин, станува збор за „Сага за седмата осмина или судбината на мигот. Клуч за времето во кое живееме. Вртлог, чувства во низа, спојување, страст, неповторливост на моментот. Луѓе. Жена. Маж. Простор. Историја. Време. Иднина. Скици и слики за нашето постоење“.

Во изведбата на балетот учествува голема балетска екипа, како и првенците, солистите и ансамблот при Балетот на НУ Национална опера и балет. Првите две изведби на балетот се одржаа на 6 и на 7 октомври на големата сцена на НОБ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 199, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 7-8.10.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот