Советот за безбедност на ОН повика на формирање нова инклузивна влада во Авганистан

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повика на итен прекин на сите воени дејствија во Авганистан и на формирање нова влада, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна”, а во која треба да бидат вклучени и женски претставници.

Американските медиуми наведуваат дела во првата изјава на Советот за безбедност на ОН по освојувањето на Авганистан од страна на талибанците се потенцира дека „мора да се обезбеди уставен континуитет, почитување на меѓународните обврски, како и безбедноста на сите Авганистанци и странци”.

Членовите на Советот повикаа на „итен прекин на насилството во Авганистан, враќање на безбедноста, граѓанскиот и уставниот поредок”, како и итни разговори за решавање на тековната владина криза и изнаоѓање решение.

Советот за безбедност на ОН, без да ги исклучат и талибанците, ги повика сите страни да се придржуваат кон меѓународните норми што се однесуваат на човековите права и стандарди, како и да стават крај на „сите злоупотреби и прекршувања на правата”.

Американскикте медиуми додаваат дека соопштението, беше одобрена од сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН на вонредниот состанок инициран од Естонија и Норвешка заради ситуацијата во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот