Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што претставува хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)?

Фото: Промо

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) е група белодробни заболувања што го отежнуваат дишењето и се влошува со текот на времето. Постојат два главни типа: емфизем (ги зафаќа пулмоналните алвеоли, како и ѕидовите меѓу нив) – кај овој тип тие се оштетени и помалку еластични); и хроничен бронхитис (слузницата на дишните патишта е постојано иритирана и воспалена, што доведува до појава на оток и слуз).

Кои се симптомите на ХОББ?

Симптомите може да изостануваат на почетокот или може да бидат само благи. Како што болеста се влошува, нејзините симптоми обично стануваат потешки. Тие може да вклучуваат: честа кашлица или кашлица што произведува многу слуз; отежнато дишење; звук на кркорење или свирење кога дишете; недостиг на здив, особено ако сте физички активни; чувство на притисок во градите.

Некои индивидуи со ХОББ добиваат чести респираторни инфекции, какви што се настинки и грип. Во тешки случаи, ХОББ може да предизвика губење на тежината, мускулна слабост, ограничена мускулна активност и оток на глуждовите, стапалата или на нозете.

Фото: Промо

Како се дијагностицира ХОББ?

За да се постави дијагноза, вашиот доктор може да се послужи со: вашата медицинска историја вклучувајќи прашања за вашите симптоми; вашата семејна историја; различни лабораториски тестови, какви што се тестови за белодробна функција, рендген на граден кош или КТ-скен и крвна слика.

Како се третира ХОББ?

ХОББ не исчезнува, но постојат третмани што може да ги ублажат симптомите, да го забават напредокот на болеста и да ја подобрат вашата способност да останете активни. Исто така, постојат третмани за спречување или лекување компликации од болеста. Третманите вклучуваат:

– Промени во животниот стил
Ако сте пушач, да се откажете од пушењето е најважното нешто што можете да го направите за ублажување на ХОББ; избегнувајте пасивно пушење и места каде што може да вдишете други надразнувачи на белите дробови; побарајте од вашиот лекар план за оброци што ги задоволува вашите нутритивни потреби; прашајте и колку физичка активност можете да правите. Физичката активност може да ги зајакне мускулите што ви помагаат да дишете и да ја подобрите вашата целокупна благосостојба.

Фото: Промо

Лекови
Бронходилататори: тие служат за опуштање на мускулите околу дишните патишта. Ова им помага да се отворат и го олеснува дишењето. Повеќето бронходилататори се примаат преку инхалација. Во потешки случаи, инхалаторот може да содржи и кортикостероиди за да се намали воспалението; вакцини против грип и пневмококна пневмонија (Streptococcus pneumoniae): лицата со ХОББ се изложени на поголем ризик од сериозни проблеми од овие болести; антибиотици ако имате бактериска или вирусна инфекција на белите дробови.

– Терапија со кислород
Се користи ако имате тешка ХОББ и ниски нивоа на кислород во крвта. Терапијата со кислород може да ви помогне да дишете подобро. Можеби ќе ви треба дополнителен кислород постојано или само во одредени периоди.

Третманот на пациентите со ХОББ е комплексен и во нивното лекување треба да бидат инволвирани специјалисти (пулмолог, физиотерапевт и нутриционист), кои директно треба да соработуваат во индивидуалниот третман на пациентот. Само соодветната комбинација од третмани и совети од различните специјалисти може да влијае врз успешноста на лекувањето на пациентите со ХОББ.

Лекарите во Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стојат на располагање за сите потребни прегледи, консултации и совети. Закажете термин на 02 3091 484

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот