Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е емоционален стрес и како да се соочиме со него?

Фото: Промо

Барањето помош е голем чекор кој ќе ве приближи до намалување на емоционалниот стрес.

Нашето темпо на живот, одредени ситуации од минатото, тековни настани со голем емоционален набој или долготрајна негативна ситуација, може да имаат последици врз нашата благосостојба и да предизвикаат емоционален стрес. Соочени со вакви околности, односно изложени на стресни дразби, влегуваме во состојба на психолошка напнатост. Доколку опстојува подолг период, ги зголемува шансите за појава на телесни и психички последици како, на пример, срцеви заболувања, хормонални нарушувања, вознемиреност и/или депресија.

Нивоа на емоционален стрес

Емоционалниот стрес е неопходен и претставува одговор на прилагодување кон одредени ситуации и нè подготвува за пребродување на животните предизвици.
Нашата реакција е прилагодена на нивото на закана или опасност и е сеопфатна, односно се јавува на физиолошко, емоционално и на ниво на однесување. Тежината и непријатноста ќе зависат од степенот на емоционалниот стрес, нашето претходно животно искуство, возраста и актуелните животни случувања.

Акутен стрес – Овој тип на емоционален стрес е најчест и одговара на оние специфични моменти кои вклучуваат моментално покачување на адреналин. Такви се оние со краткорочни ефекти како на пример: преселба, развод, сообраќајна несреќа, скокање со падобран, барање работа или полагање испит, испрашување во училиште. Овие ситуации се краткотрајни, брзо завршуваат и потоа можеме да се вратиме во секојдневната рутина.

Епизоден акутен стрес – Ситуации на акутен стрес кои често се повторуваат. Лицата имаат чувство дека се во постојан хаос и криза, најчесто условен од брз начин на живеење или живеење под притисок. Епизоден акутен стрес се јавува кај луѓе кои се со многу самонаметнати барања и кај оние кои имаат рутина полна со обврски и континуирано полна агенда активности. Повремено се соочуваат со исцрпеност, намалена концентрација и успех, односно овие ситуации ги истоштуваат и им предизвикуват секојдневни проблеми.

Хроничен стрес – се јавува во состојби при нерешени прашања кои опстојуваат константно со текот на времето. Постојат одредени ситуации кои можат да предизвикат хроничен емоционален стрес со текот на времето, како што се: сиромаштија, нефункционални семејства (семејно насилство, лице корисник на дрога или алкохол, справување со тешка хронична болест и сл.), несреќен брак, работа, кариера или пак, живот кој не е прилагоден на карактерот и способностите на личноста.

Двојното лице на емоционалниот стрес – Акутниот стрес е оној одговор што можеме да го сметаме за возбудлив, може да биде и мотивирачки, од кој можеме да извлечеме поука, да му дадеме значење и да растеме како луѓе. Но, кога ќе премине кон епизоден акутен или хроничен емоционален стрес, работите стануваат сериозни.

Фото: Промо

Телесни аларми за емоционален стрес

Телото испраќа алармни сигнали со соматизирање. Тоа значи дека психолошката непријатност се трансформира во физичка. Како резултат на тоа можеме да чувствуваме повеќе умор од вообичаено.

При емоционален стрес, чести се и следните симптоми:

  • Невролошки, како главоболка, парестезии, фасцикулации, вртоглавица или пресинкопа.
  • Дигестивни- абдоминална болка, гадење, сува уста или „чувство на кнедла во грло“. Хормоните на стрес ослободени во вознемирена состојба имаат влијание врз функцијата на цревата и може да манифестираат физички симптоми кои можат да придонесат или да го влошат синдромот на вознемирени црева, да се има зачестена течна столица и сл.
  • Респираторни- отежнато дишење, зевање, „чувство за глад за воздух“ или воздивнувања.
  • Срцеви – срцебиење, забрзана срцева работа или болка/стегање во градите.
  • Мускулни – замор, тремор или грчеви; Кожни – потење или чешање на кожата.
  • Уро-генитални – често мокрење, уринарна итност, диспареунија или импотенција, синдром на хронична карлична болка.
Фото: Промо

Како да се соочиме со емоционалниот стрес?

Битно е да се препознае ситуацијата по која се чувствува немир и вознемиреност и ситуација која создава непријатност. На тој начин се овозможува зголемува контролата над таквите ситуации бидејки се запознаваме себеси, нашите потреби. Доколку постои потешкотија да дознаеме што е тоа кое нè доведува во состојба на одредена психичка вознемореност потребно е да си поставиме прашање – што е тоа што во моментот ни е потребно, а потоа и да се направи стратегија за реализирање на нашата потреба.

ЗАПОМНЕТЕ: чувството на стрес е нормално. Но, неговото потиснување прави тој да расте.

Исто така, обидете се да размислите за околностите или факторите кои прават да се чувствувате поранливи и какви стратегии ви се потребни за да се справите со нив. Сè ова ќе ви помогне лесно да ги препознаете моментите на преоптоварување и да почувствувате дека сте способни да се заштитите.

Фото: Промо

Побарајте помош

Вашите сопствени ресурси и овие совети понекогаш може да бидат токму тоа што ви е потребно и доволно за справување со ситуацијата. Но, доколку не можете да се справите сами, не е ништо страшно! Во ред е да ви треба помош, на сите понекогаш ни треба помош.

Затоа, не двоумете се да контактирате со некој од нашите професионалци кои ќе ви помогнат да ги решите овие проблеми.

Барањето помош е голем чекор кој ќе ве приближи до намалување на емоционалниот стрес. Посветете се на себеси и поставете си мали цели, чие остварување ќе ви помогне да продолжите напред без притисок, со свое темпо кон поголеми амбиции.

Во клиничката болница Жан Митрев стручниот тим од психијатар, психолози и психотерапевти ви стои на располагање преку индивидуални психотерапевтски и медикаментозни третмани.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Д-р Марија Костадиновска
Специјалист психијатар

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот