Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фактори на ризик за дебелина кај децата

Фото: Промо

Дебелите деца имаат поголема веројатност да развијат други поврзани болести во зрелата возраст.

Дебелината кај детската популација е значително зголемена. За експертите оваа проблематика е еден од најважните јавно-здравствени проблеми што постојат денес.

Причините за зголемување на дебелината кај децата би можеле да се сумираат во 4 точки:

Седентарен начин на живот

Студиите спроведени низ светот сугерираат дека долго време поминато пред екранот кај децата и адолесцентите предизвикало голем број здравствени штети. Ова е значително зголемено за време на пандемијата, а компјутерите и мобилните одзеле од времето за играње на отворено.

Дополнително на ова, експертите додаваат дека нема култура на играње на улица, поради околината, сообраќајот, опасноста, малкуте зелени површини итн. и затоа е изгубен интересот за излегување и играње на отворено.
Сето ова предизвикува седентарен начин на живот уште од најрана возраст и е еден од најважните фактори што ја фаворизираат дебелината кај децата.

Недостаток на зеленчук и овошје во исхраната

Се препорачуваа јадење пет порции овошје и зеленчук на ден. Како за возрасните, така и за децата.

Неопходно е да се зголеми општествената свест за важноста од консумирање овошје и зеленчук во секојдневната исхрана кај најмалите.

Неконсумирање разновидна исхрана

Исхраната кај децата мора да биде разновидна според возраста и активноста на детето. Пред сè, неопходно е да се вклучат сите групи храна.

Недоволно спиење

Многу е важно да се постигне рутина на спиење кај децата. Децата мора да си легнуваат рано за да ги отспијат потребните часови според нивна возраст.

Со легнувањето доцна, сонот кај децата ќе се наруши и ќе имаат помалку време наутро, со што се отежнува појадокот во мир и влијае врз енергијата во текот на денот.

Дебелите деца имаат поголема веројатност да развијат други поврзани болести во зрелата возраст.

За повеќе информации или третман, консултирајте се со тимот педијатри на Клиниката „Жан Митрев“ преку закажување термин на 02 3091 484.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот