Состојбата во Кабул сѐ полоша: Кина ги евакуира своите државјани од Авганистан

Војници во Авганистан / Фото: EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Кина испрати авион за евакуација на 210 свои државјани од Авганистан, пренесуваат денеска кинеските медиуми. Откако големите сили како САД и Британија ги повлекоа своите војски од Авганистан, Кина стравува дека нејзините државјани може да се во опасност.

Весникот „Глобал Тамјс“ пишува дека Комунистичката партија на Кина на 2-ри јули објавила дека авион од Кабул пристигнал во кинеската провинција Хубеи. Како што пренесува „Глобал Тајмс“, 22 лица од авионот испаднале позитивни на Ковид-19.

Војската на САД по скоро 20 години војна против Талибанците, реши да ја напушти воената база во Баграм.

Кинеските компании вложуваа во авганистанската рударска индустрија и инфраструктура, но со нападите на Талибанците, тие стравуваат за животите на нивните државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот