Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Воздушниот сообраќај во Европа е едвај 10 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.695.418 лица. Од нив починати се 188.804, а оздравеле 739.871 луѓе

– Според последните податоци, во Црна Гора нема новозаразени, и бројот останува на 316 позитивни на коронавирусот.

– Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е потребна фундаментална реформа на СЗО по раководењето со пандемијата на коронавирусот и оти САД, кои се најголем донатор на СЗО, можеби никогаш нема да го обноват финансирањето на тоа тело на ОН.

– Во Турција бројот на починати се зголеми за 115 на вкупно 2.491, соопшти турското Министерство за здравство. Вкупно се заразени 107.790, што е најголем број во земјите вон Европа и САД. Излекувани се 18.491 лица.

– Воздушниот сообраќај во Европа е едвај 10 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

– Франција го прошири списокот на лекови кои се забранети за извоз од земјата, вклучително и десетина кои се употребуваат во лекувањето на Ковид-19, и покрај повеќе повици од ЕУ да ги укине ограничувањата кои можат да доведат до дефицит во други земји.

– Најстариот брат на американската сенаторка Елизабет В орен, Доналд Рид Херинг починал од Ковид-19.

– Трет ден по ред се намалува бројот на новозаразени во Русија. Вкупниот број на заразени надмина 62.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот