Состојба со коронавирусот во светот до 19 часот

Хрватска ковид/ Фото EPA-EFE/ANTONIO BAT

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.965.730 лица. Од нив починале205.661, а оздравеле 871.286 луѓе.

– Во БиХ во последните 24 часа се потврдени уште 15 заразени со што вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 достигна 826. Вкупно оздравеле 256 пациенти, а почнале 32 лица.

– Бројот на нови случаи на коронавирусот во Холандија се зголеми за 655, па вкупниот број на заразени достигна 37.845, соопшти Министерството за здравство. Починале вкупно 4.475 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска од Ковид-19 заболеле уште 14 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 2.030. Во земјата досега починале вкупно 55 лица, а излекувани се 1.103 луѓе.

– Компанијата Дајмлер која произведува Мерцедес Бенз го стабилизира работењето во Кина.

– Американски видри од две фарми во Холандија се позитивни на Ковид-19.

– Во Африка се регистрирани повеќе од 30.000 случаи на коронавирусот, а заразата е присутна во 54 земји, соопшти денеска Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Досега во Африка од Ковид-19 починале 1.374 луѓе.

– Во Либан од утре ќе стапи во сила одредба со која се олеснуваат некои мерки воведени со цел борба против коронавирусот.

– Првпат од почетокот на кризата на Малта во последните 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, рече министерот за здравство Крис Фирми и додаде дека поради тоа наскоро ќе се олеснат некои рестриктивни мерки.

– Во Словачка бројот на заболени се зголеми на 1.379. Вкупниот број на починати порасна на 18.

– Според последните официјални податоци, во Англија, Шкотска и Велс во болниците во последните 24 часа починале уште 368 луѓе, вкупно 18.420 до сега. Во оваа бројка не се вклучени смртните случаи од последици од Ковид-19 вон болниците.

– Израелските власти денеска дозволија некои компании повторно да отворат и наведоа дека разгледуваат можност децата да се вратат во училиште како дел од напорите за олеснување на ограничувањата и помошта за економијата.

– Германските власти тестираа 450 жители на еден станбен комплекс во Гревенброих во западна Германија, затоа што две заразени семејства ги прекршиле правилата за карантин.

– Во Португалија 500 мигранти ќе бидат тестирани на коронавирусот, а некои од нив ќе бидат сместени во хостели и апартмани кои се издаваат на туристи и кои се празни поради епидемијата. Чекорот следува откако вирусот минатата недела се појави во еден мигрантски хостел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот