Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од штипските текстилни компании

Веќе од денеска започнуваме со распределба по нашите институции, вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од страна на работничките од штипските конфекции. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска посети две текстилни фабрики, каде што е почнат процесот на шиење.

Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната секојдневна работа да помогнат на докторите, полицајците, пожарникарите, пензионерите, граѓаните. Веќе од денеска започнуваме со распределба по нашите институции, вели Бочварски.

Општина Штип вчера обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски, кои почнаа да ги шијат три текстилни компании „Ларс”, „Вабо”, „ЕАМ”, а од денеска се приклучија уште две текстилни компании станува збор за „Албатрос” и „Дик Фагус” кои  ги ставија на располагање дел од своите капацитети како помош во шиењето на заштитните маски. Маските можат да се употребуваат повеќе пати. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот