Соседите за Марија Шерифовиќ и нејзиното бебе: Има големи подочници, но не ја симнува насмевката од лицето

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската пејачка Марија Шерифовиќ на почетокот на декември минатата година доби дете со помош на сурогат мајка. Малиот Марио е роден во Америка, а сега среќното семејство е заедно во Белград.

Соседите најчесто ја гледаат познатата пејачка кога излегува од станот за да набави основни намирници за бебето, а една од нив ја видела со синот кога излегле на тераса.

„Сите бевме воодушевени кога ја слушнавме добрата вест. Ја видов по моето пристигнување во Белград и, се разбира, веднаш ѝ честитав. Можам да ви кажам дека никогаш не била посреќна, сега не може да ја тргне насмевката од лицето, иако подочниците ѝ се големи“, низ насмевка изјави за „Курир“ една сосетка.

„Не знаев дека се подготвува нешто толку големо, иако не сме ни толку блиску. Како мајка можам само да кажам дека ми е многу мило што ја доживеала најголемата љубов, секој го заслужува тоа… Така ѝ кажав. Ја чекаат непроспиени ноќи, но ќе се навикне, за среќа има голем број блиски луѓе околу себе и што е најважно мајката, па помошта нема да изостане“, додала сосетката.

Понатаму, друга сосета ја коментираше новонастаната ситуација на пејачката.

„Ја гледам Марија пред влезот, како и Верица, сега постојано се во движење поради детето. Ми се чини дека досега не шетале сите заедно, но бебето го видов од далеку, кога Марија излезе на тераса со него. Мислам дека нема поубава сцена од мајка со дете, тоа е сè – објаснила накратко сосетката.

Секако дека Марија ја знае и поширокото соседство, а знаат и за веста дека станала мајка. Ја чекаат на прошетка со нејзиниот син кога малку ќе се загрее бидејќи живеат веднаш до брегот на реката. Од соседството истакнуваат дека луѓето веќе ги посетуваат, а најчесто ја гледаат нејзината блиска пријателка, пејачката Јована Пајиќ и уште две девојки.

„Пријатели и роднини доаѓаат кај неа, бидејќи бебето е уште мало, мислам дека ги дозираат овие посети. Освен со Верица, и возачите и пријателите Милош и Марија, најчесто се среќаваме со Јована Пајиќ. Таа е една од нејзините најблиски пријателки и не нè чуди што постојано ги посетува Марија и бебето. Никогаш не доаѓа со празни раце“, објасни сосетката Маја.

Вања, помлада сосетка, ја запознала Марија кога пејачката пазарела.

„Ја видов кога се враќаше од продавница со куп пелени и бебешка храна, ми се чини дека сега зрачи со сосема друга енергија. Го гледав и нејзиниот блог со бебето, навистина ми остави впечаток тоа видео, бидејќи немаме можност да ја видиме кога е толку емотивна. На повеќето луѓе таа секогаш им изгледала како тврда и воинствена жена“, изјавила девојката.

Марија Шерифовиќ откри што добила од претседателот Тадиќ за победата на Евровизија

ВИДЕО | Марија Шерифовиќ ужива во првата прошетка со синот: Само ние двајца…

Се случил инцидент: Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап во Зеница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот