Сончево време со мала локална облачност и температура до 35 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 9 до 20, а дневната од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 15, а дневната ќе достигне 32 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер кој до четврток ќе биде северен, а потоа јужен. Во петок и сабота ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во брз пораст, а потоа нема многу да се менува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот