Солун ќе има работно метро до крајот на 2024 година

Вториот по големина град во Грција – Солун, ќе има работен метро систем пред крајот на 2024 година, изјави министерот за инфраструктура и транспорт Христос Стаикурас при посетата на станицата „Агиа Софија“ (Света Софија) на новоизграденото метро. пренесува БТА, повикувајќи се на „Катимерини“.

„Нашата посветеност останува непроменета. Солун ќе има оперативно метро во втората половина на 2024 година“, нагласи Стаикурас. Во изјава за новинарите, тој рече дека користел јавен превоз за да се запознае со проблемите во сообраќајот во градот.

Министерот ги истакна напорите за подобрување на јавниот превоз, истакнувајќи го додавањето на 5 автобуски линии, претстојното ангажирање на 150 возачи на автобуси и 110 електрични автобуси кои се очекува да бидат испорачани во градот од април 2024 година.

Метро станицата „Агиа Софија“ е отворена за јавноста како дел од градската иницијатива „Отворена куќа“, која овозможува бесплатен пристап до 71 јавен и приватен простор од архитектонски интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот