Солената вода ја заменија со лековита, Македонци и Руси најбројни туристи во Србија

Фото: Wikimedia Commons

Србија станува сè попопуларна туристичка дестинација на Балканот. Според нивната статистика, бањскиот и планинскиот туризам, но и скијачките центри во текот на зимата се само дел од дестинациите кои се посетуваат од туристите. Според бројките, забележан е значителен пораст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава кога се регистрирани 1.477.194 посети, што е зголемување за 16,5 отсто во однос на истиот период лани.

Најголем раст на странски гости е регистриран од Руската Федерација, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Турција, Хрватска, Бугарија и Црна Гора. Рекордот го држат туристите од Кина, кои се за 168,4% повеќе, за што придонесе и тоа што Кина по овогодинешниот саем за туризам во Белград, каде беше земја партнер, ја вклучи Србија на својата листа на препорачани туристички дестинации.

Србите бележат раст и кај посетите од домашни туристи без разлика на лошите економски услови. Овде има раст од 4,9 отсто, што укажува на тренд на зголемен интерес за патувања и посети на атрактивни дестинации во Србија.

Бројот на странски туристи е зголемен за една третина или цели 33 отсто, што потврдува дека Србија успешно се враќа на меѓународната туристичка сцена. Вкупниот број на регистрирани ноќевања изнесува 4.432.841, што е зголемување за 132 отсто во однос на истиот период лани, од кои 4,3 отсто е пораст кај домашниот туризам, а 26 отсто се странци- пишуваат српските портали.

Најголем број пристигнувања на туристи е забележан во Белград – 472.289, што е пораст од 28%, а потоа следува Златибор (123.771) со раст од 68,6%. Во бањскиот туризам доминира Врњачка Бања со 66.826 пристигнувања. Во однос на бројот на ноќевања, за растот најмногу придонесоа престојот на туристите од Руската Федерација, Турција, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Кина – вклучувајќи го и Хонг Конг.

Со просечни три ноќевања по пристигнување, странските туристи поминуваат во просек по 2,91 ноќевања, а домашните 3,08. Кај странците најдолго престојуваат гостите од САД и Кина, а во Србија во просек поминуваат по 3,2 односно 3,81 ноќевања. Забележливо е зголемување на бројот на гости од Бугарија, Романија, Руската Федерација и Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот