Софија Лорен итно оперирана, доживеала несреќа во својот дом

Софија Лорен на отворањето на својот нов ресторан во Милано / 10 октомври 2022 / Фото: Mondadori Portfolio / ddp USA / Profimedia

Според италијанскиот весник „Кориере“, италијанската филмска дива Софија Лорен, која на 20 септември наполни 89 години, се лизнала и паднала во бањата во својот дом во Женева.

Извор близок до весникот наведува дека Софија Лорен веднаш била пренесена во болница каде била прегледана и ѝ била дијагностицирана фрактура на бутната коска, односно неколку скршеници на колкот. Поради тешка повреда, таа морала да биде оперирана.

„Софија попладнето беше оперирана со позитивен исход, сега ја чека рехабилитација“, објавија нејзините претставници.

Покрај неа се нејзините два сина Едоардо и Карло.

Имено, пред повредата, а потоа и до операцијата, италијанската дива се подготвувала за пат и отворање на четвртиот ресторан кој го носи нејзиното име во Италија.

Актерката требаше да замине во Бари, каде што ја очекуваа на 26 септември на инаугурацијата на објект што ќе го носи нејзиното име. Очигледно нема да може да присуствува, но настанот, сепак, ќе се одржи, пренесуваат локалните медиуми. Лорен ќе оди во Бари, веднаш штом ќе закрепне и секако, откако ќе ѝ биде дозволено да патува со авион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот