Социјалдемократите ќе го освежат партиското раководство

Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ/Фото: СДСМ

Според најавите, денеска членовите на Централниот одбор на СДСМ и официјално ќе го потврдат претседателот Димитар Ковачевски како кандидат за нов премиер.

На денешната седница ЦО ќе избере и ново партиско раководство, односно нов состав на Извршниот одбор, како и нови потпретседатели и секретари на партијата, по предлог на новиот претседател на СДСМ Ковачевски.

Тој  претходно најави дека во актуелниот состав на ЦО ќе внесе нови членови, што како можност постои според Статутот на партијата.

Од имињата кои циркулираат во јавноста, најверојатно за нов генерален секретар на партијата ќе биде именуван Миле Зечевиќ, а заменик-претседателската Сања Лукаревска, пак, се очекува да ја задржи функцијата.

Како потпретседател можно е да се врати поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.

Телма вчера објави дека на високи партиски функции се враќаат и Игор Ивановски и Андреј Петров, а на потпретседателските места ќе дебитираат и битолската пратеничка  Бисера Костадиновска Стојчевска, како и валандовскиот градоначалник Перо Костадиновски.

-Извесно е дека на потпретседателската позиција останува само вицепремиерот Фатмир Битиќи. Останатите тројца министри и потпретседатели заминуваат, Мила Царовска и Венко Филипче и од двете функции, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е најголемата мистерија. Заминува од потпретседател на СДСМ, најави и дека ќе го напушти и МВР- но конечната одлука за тоа се уште не е донесена, велат изворите на Телма.

Претседателот Пендаровски најави дека во вторник или среда ќе му го довери мандатот на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот