Соборениот судански лидер Башир преместен од затвор во болница

Омар ал-Башир/ Фото: Mahmoud Hjaj / AFP / Profimedia

Соборениот судански лидер Омар ал-Башир бил преместен од затворот Кобер во воена болница во суданската престолнина пред да избијат тешките борби на 15 април, изјавија два извори од болницата, пренесува „Ројтерс“.

Локацијата на Башир беше доведена во прашање откако поранешниот министер во неговата влада, Али Харун, во вторникот објави дека го напуштил затворот со други поранешни функционери. И Башир и Харун се барани од Меѓународниот кривичен суд поради наводните злосторства во Дарфур.

Суданските вооружени сили (САФ) и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот кој започна во вторникот, по преговорите со посредство на САД и Саудиска Арабија, но експертите велат дека таквото примирје не се почитува.

Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Фолкер Пертес, во вторникот пред Советот за безбедност на ОН изјави дека прекинот на огнот „се чини дека се одржува во некои делови досега“.

Но, тој рече дека ниту една од страните не покажала подготвеност за „сериозно да преговара, сугерирајќи дека и двете мислат дека е можно да се обезбеди воена победа над другата“.

„Ова е погрешна пресметка“, рече Пертес, додавајќи дека аеродромот во Картум е оперативен, но асфалтот е оштетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот