СО УБАВИНА ДО БЕЛАТА КУЌА: Џо Бајден минал низа на пластични операции пред претседателската трка (ВИДЕО)

Џо Бајден

Белезите на лицето на најсилниот демократски кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, се резултат на операции кои се извршени пред да започне со претседателската кампања во 2020 година, велат тамошните пластични хирурзи.

Белезите на лицето на Бајден, како што велат пластичните хирурзи, а пренесуваат американските медиуми, биле резултат на ритидектомија – која значи затегнување на лицето.

– Проблемот со операцијата на Бајден е тоа што таа е очигледна – вели др. Кеп Лесне, угледен њујоршки козметички хирур, кој наводно ја консултирал своевремено и Хилари Клинтон.

Лесне опишал како јавните личности обично планираат операции две до три години пред да се најдат пред рефлектори, така што докторите можат да проценат како потенцијалните белези би изгледале под светло.

За мажите се потребни најразлични хируршки техники, бидејќи тие не носат шминка, освен кога се на телевизија.

Лесне приметува дека при изведувањето на овој потфат кај Бајден и натаму се познаваат белези и постои вишок на кожа, кои упатуваат на тоа дека постоеле интервенции на неговото лице.

Бајден не е првиот демократ кој ова го направил. Наводно и Хилари Клинтон пред претседателската трка во 2016 година била подложена на низа пластични операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот