„Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија“, хуманитарен настан за помош на настраданите во земјотресот

Во сабота точно напладне во Зоолошката градина ќе се одржи хуманитарниот настан „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на настраданите семејства во земјотресот.

Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно. Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена – информираат од ЗОО.

Во забавниот дел од оваа хумана манифестација ќе настапат Стела и Сани, ЗОО Азбука на ДКЦ Карпош, ќе им обраќње на спасувачи и волонтери кои помагаа во Турција, ќе настапи и градскиот мешан хор „Вардар“, а децата ќе ги дружи и забавува слончето Халки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот