Со компромитирачки фотографии од тетовец изнудиле 18.630 евра

Вчера во 19:50 часот во тетовското село Мала Речица, полицајци ги привеле 33- годишниот З.Д. од с.Голема Речица, тетовско и 60- годишниот Ј.А. од с.Пирок, тетовско.
„По преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., такси возач во Тетово. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Лицето З.Д. е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.