Со германска помош, СЗО додели ИТ опрема на Министерството за здравство

СЗО додели ИТ-опрема на Министерството за здравство со цел зајакнување на управувањето со вакцините/ Фото: МИА

Светска здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија му додели опрема за информатичка технологија на Министерството за здравство како поддршка за дигитализација на процесот на имунизација и подобрување на техничката инфраструктура на сите вакцинални пунктови низ државата, како дел од тековните напори за борба против пандемијата на КОВИД-19.

Набавката на опремата беше финансиски помогната од Германија.

-Опремата што ја добивме денес ќе биде од голема важност за забрзување на безбедното и делотворно одвивање на вакцинирањето со сите вакцини, вклучувајќи ги и вакцините против КОВИД-19, како и за подобрување на пристапот до податоци кои спасуваат животи. Имунизацијата против КОВИД-19 и натаму останува критично важна за намалување на случаите на тешка форма на болест и смрт, вклучувајќи и против доминантниот Делта сој на вирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Претставничка на СЗО во Северна Македонија, д-р Жихан Тавила истакна дека давањето поддршка на Министерството за здравство за изградба на отпорен здравствен систем е еден од приоритетите на СЗО во Северна Македонија.

-Испораката на критично важна техничка опрема ќе го зголеми капацитетот на здравствениот систем за рутинско собирање здравствени податоци во реално време и за искористување на овие информации за ефективен одговор во континуираната битка против оваа пандемија и секоја друга болест што може да се спречи со вакцина. Тоа можеме да го постигнеме единствено со нашите партнери, и затоа во оваа прилика сакам да ѝ се заблагодарам на Германија за нејзините флексибилни придонеси за СЗО, особено во европскиот регион на СЗО, додаде Тавила.

Амбасадорката на Германија во Северна Македонија Анке Холштајн изјави дека е многу сум среќна што Германија го обезбеди овој финансиски придонес за СЗО за дигитално подобрување на македонскиот здравствен систем.

– Оваа опрема ќе значи поголема здравствена сигурност и ќе биде од корист за сите граѓани. Можеме со сигурност да кажеме дека правичната и брза дистрибуција на вакцините ќе помогне во борбата не само против пандемијата на КОВИД-19., додаде Холштајн.

СЗО во Северна Македонија континуирано ги поддржува националните здравствени власти во преземањето мерки за здравствена сигурност, особено за време на актуелната криза со КОВИД-19.

-Поддршката од СЗО е од исклучителна важност за: создавање мрежа за собирање информации и одговор на вонредни состојби од страна на системот за јавно здравје, во што влегуваат и лабораториите; изготвување и спроведување на национален план за вакцинација против КОВИД-19; создавање податоци засновани на докази за зајакнување на интервенциите; снабдување со опрема за управување со вакцини и одржување на ладниот ланец, како и континуирана обука за здравствени работници и вакцинатори; придонес кон вкупните рутински напори во делот на имунизацијата на национално ниво, се наведува во соопштението од СЗО.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот