Со „бучава против диктатурата“ – граѓаните во Србија протестираа против актуелната власт (ВИДЕО)

– Јас сум, политички ветеран, свикнат сум на тенџериња и тави, само едно ме боли – лекарите ги загубија аплаузите … Политичките лидери со ова покажаа неодговорност, изјави Вучиќ.

Откако им дадоа поддршка на здравствените работници во земјата со громогласен аплауз од своите тераси граѓаните на Белград, Ниш, Нови Сад но и други градови за време на полицискиот час во 20 часот го изразија своето незадоволство од владеењето на актуелната гарнитура. Во знак на протест правеа бучава со свирежи, со удирање тенџериња и со петарди.

Граѓанскиот протест „Дигни го гласот: Со бучава против диктатурата” која ја покрена иницијативата „Да не го давиме Белград” и Граѓанскиот фронт, трае веќе четири дена.

По ваквиот след на настаните по половина час се појави и втора група граѓани кои со контрапротест со палење факели, огномет и гласна музика на покривите на зградите и терасите пак ја изразија својата поддршка.

Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Синоќа и претседателот Александар Вучиќ на РТС го кометираше сето ова, изјавувајќи дека удирањето по тенџериња е делумно политички протест.

– Тоа е, во голем дел, политички протест. Јас сум, знаете, политички ветеран, свикнат сум на тенџериња и тави, само едно ме боли – лекарите ги загубија аплаузите… Политичките лидери со ова покажаа неодговорност, изјави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот