Снимки од дрон од пожарот во Градскиот парк/ Фото: Слободен печат

СНИМКИ ОД ДРОН од пожарот во Градски парк: До темел изгореа бараките на Судот за прекршоци

Попладнево околу 18.50 часот екипите на Пожарната на Град Скопје го изгаснаа пожарот кој околу 16 часот изби во затворените бараки на Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје.

Во пожарот целосно изгореа бараките од судот кој одамна е преселен.

– На терен  интервенираа шест противпожарни возила и две возила на ЈП „Комунална хигиена“ иако пристигна и трето, но тоа не беше искористено, изјави за „Слободен печат“ командирот Владимир Симоновски.

Гасењето на пожарот според него било отежнато поради немањето хидранти за гаснење на пожарот од едната страна. Пожарот се разгорел поради присуството на хартии во напуштениот објект како и други леснозапалливи материјали како класери, завеси и ламперија од самата барака како и азбесниот покрив на објектот, вели Симоновски.

– За среќа, нема жртви ниту повредени во пожарот зошто таа барака не е функционална повеќе од 6 години и внатре нема живот или работење, па причините ќе биде тешко да се утврдат, вели Симовски и додава дека можно е и поради присуство на бездомници, но и некоја друга позадина. „Се може да биде, но работа е на МВР ќе ги утврди причините“, дециден е првиот пожарникар на Градот.

Погледнете ги снимките од дрон од пожарот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот